СДСМ и ДУИ ги делат ресорите, имиња се уште не се соопштуваат

Од:

И денеска продолжуваат работните средби меѓу СДСМ и Коалиција “Можеме” и ДУИ, на ниво на генерални секретари, со цел обезбедување стабилна Влада која во полн четиригодишен мандат ќе ги испорача и оствари сите очекувани услуги и  цели на граѓаните.

Како што соопшти СДСМ, откако двете партии ги утврдија коалициските принципи и определби на евентуалната идна заедничка влада, денеска се работи на усогласување на изборните програми на двете партии и на создавање на четиригодишна програма за работа на идната влада.

Во тек е, се наведува, и распределбата на одговорностите според ресори во идната коалиција, процес во кој се постигнати добар напредок и начелни согласности.

-Двете партии се обврзаа да предложат соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе ја реализираат програмата во целост за време на полн четиригодишен мандат. Партиските органи, партиските секретари и портпароли веднаш ќе ја известат јавноста за сите нови моменти во преговорите и ги замолуваат јавноста и медиумите да не ги земаат предвид шпекулациите. Учесниците во преговорите се свесни и во целост ја разбираат итноста и потребата за постизборна консолидација на институциите и очекуваат дека во следните денови ќе биде постигнат конечен договор, стои во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците