СДСМ: И Чаир е дел од Скопје, недозволиво е на ул. Џон Кенеди да има хаос во сообраќајот

Од:

„Денешниот протест на граѓаните на Чаир е потсетување дека и Чаир е дел од Скопје. Ова е опомена за игнорантскиот однос на градскиот татко кон нашата општина. Затоа што граѓаните на Чаир се соочуваат со исите проблеми како и останатите граѓани на Скопје ама не можат да очекуваат решавање на нивните проблеми затоа што таткото на градот го заборави овој дел на Скопје“, рече Трајче Неделковски, ОО СДСМ Чаир.

Неделковски додаде: Се наоѓаме на улицата „Џон Кенеди“ која е во надлежност на Град Скопје. На оваа позната улица се сместени Пензионерски дом, градинка, основно и средно училиште. Недозволиво е на ваква важна улица да се одвива хаос во сообраќајот. Тротоарите се преполни со паркирани возила па граѓаните кои сакаат да отидат до училиштето, градинката, домот… се принудени да се движат по самата улица со што директно им се загрозени животите. Секако најзагрозени тука се децата кои што одат во училиште.

Затоа, ние граѓаните на Чаир, го повикуваме Градоначалникот на Град Скопје да конечно да помогне во решавањето на овој проблем. Градот Скопје мора да се грижи за секоја општина за сите нејзини граѓани. Скопје не е само Центар.

Уште еднаш го повикуваме Коце Трајановски да и помогне на локалната самоуправа во Чаир со изградба на две мини катни гаражи со што ќе се надмине проблемот на оваа улица и ќе се зголеми безбедноста на граѓаните на Чаир.

Чаир тоа го заслужува.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО