СДСМ: И Брисел потврди, Македонија нема за леб, а троши на чоколадо

Од:

„Извештајот на Европската Унија го потврди тврдењето на Ставрески, „Немаме за леб, а трошиме на чоколадо“.

Клучната забелешка во Извештајот на Европската Унија во делот на економија е дека Владата троши повеќе пари од тоа што граѓаните и државата можат да издржиат.

Според Европската комисија растот на вкупниот јавен долг е загрижувачки.

Има скриени задолжувања од страна на Владата што се “голема опасност“.

Европската комисија го потврдува тоа на што постојано предупредуваме.Владата не го прикажува вистинскиот буџетски дефицит. Буџетскиот дефицит секогаш е поголем.

Во меѓувеме граѓаните гледаат, апетитите на Груевскине запираат.

Преплашени од пролетното чистење во април, Груевски и Ставрески ги задолжуваат граѓаните каде ќе стигнат. Со нов кредит од 21 милиони евра од ЕБОР, со околу 90 милиони евра кредит кај Ерсте и Дојче банка, со нова обврзница од 500 милиони евра.

До крајот на годината долговите на граѓаните што им ги прави Груевски ќе надминат 5 милијарди евра.

Поради промашените економски политики на Груевски:

Точно 626.312 граѓани ја напуштиле Македонија во потрага по достоинствен живот.

Над 180.000 граѓани преживуваат со по 40 денари на ден!

Над 10.000 фирми се затворени, а секоја трета е со блокирана сметка“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски