СДСМ: И Агенцијата за медиуми е партиско тело контролирано од канцеларијата на Груевски

Од:

„Мнозинството во Агенцијата за медиуми денеска потврди дека и ова регулаторно тело е партиско тело контролирано од еден центар, канцеларијата на Никола Груевски“, велат од СДСМ.

„Срамна и недозволива е денешната одлука што ја донесоа членовите под контрола на Груевски, со којашто е отфрлен предлогот да се побара од МРТВ објективно и професионално известување, во услови кога националниот сервис ги крши основните законски обврски за придржување кон начелата на вистинитост, политичка избалансираност, презентирање важни информации од интерес на граѓаните…

Одлуката на Агенцијата за медиуми покажува дека не само институциите во Македонија, туку и регулаторните тела како што е ова тело, ДИК, Државната комисија за спречување на корупцијата, се под окупација на Груевски и тесната група околу него и не можат да работат според должностите утврдени со закон, како контролни механизми на злоупотребите од страна на власта“, се вели во писменото соопштение на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски