СДСМ: Христијан Мицкоски треба да ја прекине блокадата на Скопје

Од:

Христијан Мицкоски треба да ја прекине блокадата на Скопје. Неговите директори од ВМРО-ДПМНЕ, членови на Управни одбори во ЈСП и во другите јавни претпријатија, мнозинството во Советот, сите од ВМРO-ДПМНЕ да седнат и да најдат решение на проблемот. Изживувањето врз граѓаните мора да запре, се вели во денешната реакција од СДСМ.

„Мицкоски и неговата политичка режија работниците не може да стигнат на време на работа, учениците на училиште, студентите на факултет, на лекар не може да се отиде, не може да помине брза помош, ниту пожарна. Граѓаните трпат штета од кавгите за тендери меѓу Мицкоски и Арсовска и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ да управува со главниот град.

Недозволиво е скопјани да трпат штета заради нивните бизнис и партиски интереси. СДСМ во име на граѓаните бара веднаш и без одлагање Христијан Мицкоски да издаде партиска директива до неговите Данела Арсовска, Трајко Славески, директорите и раководителите на Јавните претпријатија на град Скопје и до неговиот поддржувач Ленин Јовановски, веднаш да ги тргант блокадите, веднаш да го ослободат градот Скопје и да ги ослободат скопјани да можат слободно и безбедно да се движат во нивниот главен град.

Доста беа блокади во Собранието, доста беа блокади во државата, доста беа блокади на евроинтеграциските процеси.Граѓаните и СДСМ бараат веднаш да прекине и блокадата на главниот град“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел