А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Христијан „математички лажго“ Мицкоски нека каже колку заработи на грбот на граѓаните

by А1он10/11/2019 - 16:271539
Share1

Христијан „математички лажго“ Мицкоски денес повторно без грам срам излезе да ја лаже јавноста, потценувајќи го помнењето на граѓаните за се што направи ВМРО-ДПМНЕ и лично тој на штета и на грбот на граѓаните, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Еве дел од лагите на Мицкоски поткрепени со факти:

Мицкоски ги лажеше граѓаните дека со новиот Закон за енергетика ќе се покачи цената на електричната енергија,

-Факт 1: Цената на електричната енергија е намалена

Следете a1on на Youtube YouTube

Ги лажеше граѓаните дека нема да може да се врати евтината тарифа на електричната енергија,

-Факт 2: евтината тарифа на електричната енергија се врати и граѓаните имаат 15.000.000 евра на годишно ниво

Уште една лага на Мицковски е дека исклучените од парно греење мора да плаќаат за топлина која не ја користат

-Факт 3: Исклучените од парно греење денес не плаќаат нешто што не користат

Мицкоски ги лажеше граѓаните и дека е невозможно да се намали цената на топлинска енергија

Факт 4: Цената на топлинската енергија е намалена од 18-5 %

Мицкоски ги лажеше и компаниите и домаќинствата дека е невозможно да има слободен пазар на електрична енергија

-Факт 5: Денес има либерализиран пазар на електрична енергија

Ги лажеше и вработените во РЕК Битола дека неможе да се врати мензата во РЕК

-Факт 6: Денес РЕК има исхрана за вработените

Времето на Рајски градини, Ски скокалници и административни згради на ЕСМ се спомени од директорувањето на Мицковски и Груевски

Факт 7: ЕСМ почнува со изградба на 10 МВ фотоволтаична централа во Осломеј

За разлика од 11 годишното инсистирање за Руски Тек и 100 % зависност од руски гас

Факт 8 : Македонија доби грант од ЕУ во висина од 13 милиони евра за интерконекција со ТАП

Факт 9: Сите административни работи се завршени за интерконекторот со Бугарија

За разлика од нему и неговите блиски лица, на кои им дадоа изградба на фотоволтаични централи и со загарантирано високи цени од над 400 евра за 15 години, која денес ја плаќаме,

Факт 10: Започнува проект за инсталирање на 36 МВ Фотоволтаична централа за аукција на приватни инвестиции притоа без денар оптоварување на сметката за електрична енергија

Факт 11: 36 МВ за физички и правни лица кои имаат сопствено земјиште,

Факт 12: Намалена цена на приклучок од 500 на 370 евра

Денес Мицкоски „математички прецизно“ лаже и не кажува дека како директор на ЕЛЕМ во Јануари 2017 година, набавуваше цена на електрична енергија за над 200 евра за 1 мега ват/ час.

Мицкоски не кажува и дека тој лично како советник на Груевски и член на НО и УО на ЕЛЕМ учествуваше во зголемувањето на цената на електричната енергија за 100 % на граѓаните и дека тој лично наложи да се укине евтината тарифа за електричната енергија, заради свои лични бизнис интереси и профит.

Денес, непрекинато, Охридско-Струшкиот, Дебарскиот и Реканскиот регион имаат струја за Нова година и Божиќ, за разлика од времето на Мицкоски и Груевски.

Додека Мицкоски директоруваше и го советуваше Груевски, си градеше хидроцентрали за сметка на електричната енергија која ја плаќаат граѓаните.

Ова е само дел од криминалните дела и лаги на Мицковски кој на грбот на граѓаните безмилосно заработуваше.“, се наведува во реакцијата на партијата.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

Горан Наумовски20/06/2026 - 13:23

СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања

Горан Наумовски20/06/2026 - 10:53

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он19/06/2026 - 10:5019/06/2026 - 10:38

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски18/06/2026 - 09:0218/06/2026 - 10:23

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

Горан Наумовски17/06/2026 - 11:54

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

Горан Наумовски17/06/2026 - 10:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто