СДСМ: Хипотеката на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев, со „Диво Насеље“ ќе има негативни импликации во јавноста и кај вработените во МВР

Од:

„Со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во преодната Влада не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице, и не е под обвинение. Со тоа се исполнети условите и предлогот може да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна Влада која треба да ги спроведе изборите на 12 април.

Јавноста треба да знае дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во преодната Влада, Наќе Чулев, беше директор на Агенцијата за разузнавање во време кога се случија настаните во „Диво Насеље“, велат од СДСМ.

„Оваа хипотека ќе има негативни импликации во јавноста но и кај вработените во МВР.

СДСМ изразува жалење што во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило. Мицкоски, и преку овој избор за негова ноиминација, се обидува да ја враќа земјата назад во деновите на сериозни внатрешни конфронтации.

Тоа нема да дозволиме да се случи, граѓаните можат да бидат спокојни. СДСМ со сиот свој капацитет ќе ја обезбеди внатрешната стабилност и демократскиот амбиент пред и за време на изборите на 12 април.

Ова покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило, тоа е истата партија на Никола Груевски, истата началничка и режимска политика, а тоа граѓаните ќе го казнат на 12 април“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“