СДСМ: Груевски во 2008 прифати промена на името

Од:

СДСМ излезе со контра реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во врска со интервјуто на заменик потпретседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, за Радио Слободна Европа.

„Сакаме да ги потсетиме ВМРО-ДПМНЕ дека токму Антонио Милошоски, поранешниот министер за надворешни работи во владата на Никола Груевски, со својот потпис до генералниот секретар на Обединетите Нации, потврди дека во 2008 година премиерот Груевски се согласил за промена на нашето уставно име во Република Македонија (Скопје), без објаснување за ниту еден од деталите кои денес ги бараат од опозицијата“, реагира СДСМ.

„Затоа, најблаго речено, неумесна е денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ, да поставуваат прашања до СДСМ, а притоа пет години да ја држат во информативен мрак и јавноста и Собранието за преговарачкиот процес и за позициите со кои настапуваат пред посредникот Нимиц“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?