СДСМ: Груевски веднаш да престане со смешните закани, затоа што повеќе никој не му се плаши

Од:

„СДСМ ја очекуваше нервозата кај Никола Груевски кој лично со своето незрело однесување ја урниса политичката клима во Република Македонија, ја донесе државата на ниво на финансиски колапс, ги разниша кревките меѓуетнички односи, ги искомплицира меѓународните позиции на државата, од достоиствена земја кандидатка за ЕУ, до ниво на закани за повлекување на препораката за преговори со ЕУ, за што признава самата власт на Груевски.

Никола Груевски, вчера, преку еден од неговите инструирани експерти, дури отиде чекор понатаму во режимското практикување на власта, токму на денот кога опозицијата покажа единственост за невлегување во Парламентот, поради криминалните избори.

Груевски, преку Ивица Боцевски, се обиде да се закани на опозицијата, дека ќе го употреби Јавното обвинителство ако проработи Парламентот во сенка, што како можност го најавува опозицијата“, се вели во соопштението на СДСМ.

„СДСМ му порачува на Никола Груевски веднаш да престане со смешните закани, затоа што повеќе никој не му се плаши.

Доколку опозицијата донесе таква одлука, Парламент во сенка ќе функционира, сакал Никола Груевски или не.

На Груевски му се случува граѓански фронт, му се допаѓало тоа или не.

Опозицијата ќе ги искористи сите демократски механизми за вонпарламентарното дејствување, а за тоа СДСМ и коалициските партнери НЕ бараат дозвола од Никола Груевски, ниту пак тој тоа ќе може да го спречи.

Што се однесува до Јавното обвинителство, му порачуваме на Никола Груевски дека обвинителството има многу поважна обврска пред себе од неговата желба да го спречи демократското право за функционирање на опозицијата.

Јавното обвинителство пред себе има предмет за корумпиран премиер, заплеткан во милионски поткуп.

Да имаше правен систем во Македонија, скандалозниот случај Македонска банка и другите корупциски афери во кои се инволвирани лично Никола Груевски, неговото најтесно семејство и неговите најблиски соработници, досега ќе имаа судска разрешница.

Никола Груевски нека се подготви за непокорлива одлучност на опозицијата да ја врати демократијата во Македонија“, пишува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Шуто Оризари, Илинден, Кочани и Долнени

Скопјани се трујат од отровен чад и канцерогени честички поради горење на депониите Дрисла и Вардариште, велат од СДСМ