СДСМ: Груевски уште еднаш покажа дека може да владее само преку фалсификати

Од:

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, со фалсификатите и на Европскиот извештај, уште еднаш покажаа дека тие можат да владеат само преку фалсификати, се вели во писмената реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за пресот на Лидија Димова.

Што поцрно сака да види ВМРО-ДПМНЕ од оценката на Европската Комисија дека институциите се политизирани, државата и владеачките партии се слепени, медиумите се под контрола, постои селективна правда, а државата е во ќор сокак?
Европската комисија со препораката им даде гума за спасување на граѓаните на Македонија и сериозна и најдиректна критика досега за Никола Груевски и неговата власт. 

СДСМ апелира власта да се вразуми и да престане да нанесува срамови и непоправливи штети на државните интереси на Република Македонија.

Што се однесува до лицемерните повици за враќање во Собранието, да знаеше ВМРО-ДПМНЕ што е парламентарна дебата, немаше со полиција да исфрли новинари и пратеници од Собранието и тоа кога се дебатираше за најважната работа за граѓаните, трошењето на нивните пари.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски