СДСМ: Груевски со денови не одговара на клучното прашање: како „заштедил“ 118.629 евра?

Од:

„Никола Груевски со денови се крие зад празни соопштенија и не одговара на клучното прашање: како со плата од 1.400 евра официјално „заштедил“ 118.629 евра за една година?

Груевски е единствениот човек во Македонија на кого му успева со „тајна формула“ да заштеди по 10.000 евра месечно со плата од 1.400 евра.

И целата плата да ја штедел Груевски, сите 1.400 евра да ги ставал во банка, за една година ќе заштедел не цели 17.000 евра, а не 118.629 евра.

Која е „тајната формула“ на Никола Груевски?

Никола Груевски е должен на 180 илјади граѓани кои живеат со помалку од 40 денари на ден поради неговите погрешни политики да им го открие неговиот успешен “начин“ на заштеди од 118.629 евра за само една година. Официјално потврдени.

Граѓаните, преку Вистината за Македонија, дознаа за оф шор релациите на Груевски со рајски земји. Дознаа за милионските тендери што се договарале, за комбињата што шетале да бараат милионски парцели по Скопје и Водно…

Дали оф шор релациите со рајските земји го збогатиле Никола Груевски 118.629 евра за една година, само според достапни официјални податоци?

Ништо нема да го спаси Никола Груевски. Ни нарачаната аболиција кај Горѓе Иванов, за него и за неговите соработници.

Целосно поништување на аболицијата ќе има и сите кои правеле злоупотреби ќе одговараат“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело