СДСМ: Груевски си призна на самиот себе си: Не може криминалец да биде премиер

Од:

„Колку е уплашен Никола Груевски покажува денешно обраќање пред Форумот на жени на неговата партија полно со лаги, примитивизам, недолични зборови, навреди…

„Силување“, „бркање на клоци“, „будала“, тоа е речникот на очајниот Никола Груевски кој се плаши од казната на граѓаните и соочување со одговорноста за целокупниот криминал во изминатите 10 години.

Никоа Груевски си призна на самиот себе си: не може криминалец и докажан измамник да биде премиер. Затоа Груевски не е премиер и затоа нема да биде никогаш повеќе.

Докажани криминалци и измамници како Никола Груевски завршуваат во други институции.

За тоа колкав е стравот кај Груевски од соочување со одговорноста за криминалот, провизиите и матните зделки за лично богатење на фамилијата покажува денешното негово повторно враќање на измислените „странски служби“.

Знаат граѓаните како завршуваат овие кругови на концентрични лаги на Никола Груевски секогаш кога е фатен жив и кога мора да одговара.

Груевски намерно сее магла околу прочистувањето на Избирачкиот список соочен со ставот на првиот човек на ДИК дека се пробиени роковите за навремено и веродостојно прочистување. Но, ќе се расчисти и оваа магла.

Никола Груевски зборуваше половина час ама ништо не кажа за жените, за нивната положба во Македонија, за нивните права.

За жал уплашениот Никола Груевски денеска повторно ги понижи и ги навреди жените, членките од сопствената партија, третирајќи ги само како бројка што треба да го сокрие неговиот страв.

Со фашистички методи вработените жени од повеќе општини во Македонија беа изложени на притисок да присуствуваат на денешниот партиски настан на Никола Груевски.

Жените во Македонија во изминатите години се соочуваа со континуирана деградација на нивната положба, не се почитуваа нивните човековите права и постојано беа дискриминирани.

Секоја четврта жена во Македонија е жртва на семејно насилство. Во последните 7 години 22 жени биле убиени од своите партнери, што покажува катастрофална неефикасност на институциите на системот.

Никола Груевски им украде 10 години живот на жените во Македоија и на сите граѓани во оваа земја.

Никој веќе не му верува на Никола Груевски. Ниту жените, ниту младите, ниту граѓаните.

Никола Груевски не е Македонија, неговото време заврши.

Готово е Никола, збогум“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“