СДСМ: Груевски прочитан си, збогум Никола!

Од:

„После грабежот што го спроведе во изминатите години Никола Груевски со граѓаните може да почне само да се збогува. За 10 години Никола Груевски ги осиромаши граѓаните додека фамилијата трупаше лично богатство.

Граѓаните знаат на што беше силно посветен Никола Груевски: на провизии, лично богатење, парцели на Водно, мерцедес од 600 илјади евра, очила од 60 илјади евра, прислушкување, рушење со динамит, нарачки за пет-шест шамари пред камери, уцени, закани, изборни грабежи…
Граѓаните се мудри. Граѓаните многу добро го знаат вистинското лице на Никола Груевски којшто им одзема 10 години од нивниот живот.

Затоа граѓаните не му веруваат на Никола Груевски. Доволно ги бомбардираше Груевски граѓаните со лажни ветувања, виртуелни проекти, виртуелни инвестиции, виртуелни вработувања. Еве и денеска, Груевски вели дека не верува во чуда а зборува за виртуелни 3000 проекти.

Ниедна предизборна шарела лага не може да му помогне на Никола Груевски.

Груевски е прочитан.

Граѓаните му порачуваат: Збогум Никола“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски