СДСМ: Груевски призна дека ги крадел изборите, ништо не може да го спаси од одговорност  

Од:

„Никола Груевски денеска диркетно призна дека ги крадел изборите. Се потврди она што сите го знаат во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски организирано спроведувале изборен грабеж. Срамната одлука на Уставниот суд не е ништо друго освен класична злоупотреба на партиските инсталации во судството, со надеж дека Груевски ќе се спаси од одговорноста, дека ќе ја спаси сопствената кожа.

Затоа беше поднесена оваа иницијатива до Уставниот суд и затоа експресно беше реализирана.

Затоа беа организирани контра-протести, со притисок врз вработени во јавната администрацијата.
 
Затоа ВМРО-ДПМНЕ креираше различни сценарија со намера да предизвика конфликти меѓу граѓаните.

Се потврди се’. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не само што ги краделе парите на граѓаните туку го краделе и нивното основно право на слободен глас.
 
Масовниот одѕив на граѓаните на вчерашниот марш во одбрана на Уставот уште еднаш ја потврди граѓанската свест и граѓанската истрајност во борбата за слобода, демократија и европски вредности.
 
Таа борба СДСМ ја продолжува заедно со граѓаните.
 
Нема да отстапиме. Се работи за Република Македонија и темелите на коишто почива нејзината независност.
 
По промените, на следните фер избори Македонија ќе биде слободна, демократска земја, во којашто ќе владеат уставот и законите.
 
На Никола Груевски и злосторничкото здружение коешто го крадело гласот на граѓаните треба да им биде јасно дека ништо не може да ги спаси од одговорност за изборниот криминал.
 
Секој којшто го прекршил законот ќе одговара“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања