СДСМ: Груевски преку куририте го покажува стравот од широкиот фронт за негов пораз

Од:

„Медиумите под контрола на Никола Груевски по којзнае кој пат ја манипулираат јавноста.

Текстот на весникот „Дневник“ кој денеска го објавуваат и курирските портали е уште еден пример за известување надвор од новинарските стандарди. Бомбастичниот наслов за кандидатските листи воопшто не ја одразува содржината на текстот.

Паниката на Груевски од поразот кој ќе го доживее на 11 декември придонесува тој да е опседнат со СДСМ и широкиот демократски фронт против неговиот режим.

Ангажманот на секој граѓанин со цел промена кон подобра Македонија е повеќе од добредојден. Секој е важен, сечија идеја е добредојдена. Ние не држиме контрола и монопол врз опозициските граѓани и по тоа се разликуваме од ВМРО-ДПМНЕ. Ги поддржуваме и здружуваме различностите, и затоа Груевски е во паника.

За листи не зборуваме, зборуваме за симнување од власт на оние кои со години крадат, лажат и уништуваат човечки судбини. Планираме како да ја обновиме Македонија, ќе ги мобилизираме сите демократски капацитети – важна е секоја пора на општеството, а не само листите.

Промените ќе се случат“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот