СДСМ: Груевски повторно сака да ги задолжи граѓаните со нови 500 милиони евра!

Од:

„Пред заминување од власта Никола Груевски сака да ги задолжи граѓаните на Македонија со дополнителни, нови 500 милиони евра!

Со одлуката за нова евро-обврзница од половина милијарда евра Груевски сака неговите расипнички и недомаќински политики да ги натовари на грбот на сите граѓани во Македонија.

За Никола Груевски не е доволно тоа што за речиси 10 година има потрошено над 25 милијарди евра од буџетот, пари на граѓаните. Неговото расипништво не може да го задоволи па постојано ги задолжува граѓаните.

Задолжувањето на Македонија веќе надминува 50% од БДП што е катастрофален показател.

Човекот којшто е главен реализатор на шемите од типот „немаме за леб а даваме за чоколадо“, Зоран Ставревски, ги крие вистинските информации колку многу Груевски ги задолжи граѓаните на Македонија во изминатите 9 години.

Но, дури ниту нивната дрскост да ја променат методологијата за пресметка на висината на јавниот долг, не може да ги покрие катастрофалните резултати. И со промената на методологијата долгот на Македонија постојано расте!

Реалноста е поразителна, Македонија одамна го има надминато прагот на задолженост.

На иднинте генерации, на младите, Никола Груевски им остава само нови и нови, огромни долгови“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски