СДСМ: Груевски почна да ги поздравува своите капитулации

Од:

СДСМ денеска преку соопштение оцени дека поддршката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за одлуката на претседателот Иванов со која се поништува аболицијата за 22 лица, е, како што велат, негова капитулација.

– Во страв од соочување со одговорноста Никола Груевски веќе не знае што да направи па почна дури и своите капитуации да ги поздравува.

Груевски прво нарача аболиција кај нелегитимниот Горге Иванов. Отакако цела Македонија се крена на нозе Груевски беше принуден да побара од пишман Иванов делумно да ги поништи аболициите, повторно спротивно на Уставот.

Сега Груевски знае дека по оваа капитулација ќе следува и нова. Ништо не може да го спаси, одговорност ќе има. Болката на Груевски е што сите аболиции ќе мора да се поништат. Доаѓа време за одговорност за него и неговото криминално друштво, стои во соопштението.

Од СДСМ, воедно, наведуваат дека сите аболиции ќе мора да се поништат.

– Цела Македонија има иста цел, враќање на правдата и одговорност за криминалците на власт.

Затоа не може никако да се охрабри Никола Груевски.

Затоа цело време Груевски бега од слободни, фер, демократски и регуларни избори, коишто СДСМ бара да бидат час поскоро.

Толку е уплашен Груевски од враќањето на правдата, од соочување со одговорноста и граѓаните.

Јасно е. Нема спас за Груевски и неговото криминално друштво. Аболицијата мора целосно да се поништи и ќе се поништи, стои во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот