СДСМ: Груевски параноично се обидува да се штити од сите страни

Од:

„Никола Груевски параноично се обидува да се штити од сите страни.

Еден од последните негови чекори е вчера донесениот закон со којшто е воведен неуставен орган Совет за утврдување на факти и покренување постапка за одговорност на судии.

Според Уставот на Република Македонија, единствено надлежен за избор и разрешување на судиите е Судскиот совет.

Ова тело веќе подолго време функционира во спрега со извршната власт и незаконски.

Сега граѓаните на Република Македонија ќе плаќаат паралелно тело со слични ингеренции како Судскиот совет.

Прашањето е зошто?

Дали за поставување луѓе од поголема доверба на Груевски?

Законот за новиот неуставен орган, Совет за утврдување на факти и покренување постапка за одговорност на судии, без причина беше поставен и изгласан по скратена постапка во Парламентот.

Ова се случува во период кога судовите и судиите ќе бидат пред најголемиот предизвик досега откако ќе биде обелоденето незаконското и криминално владеење на Никола Груевски и неколкумина поединци околу него.

По скратена постапка, без никаква дебата се направени измени и во Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, воведена од оваа власт.

Со честите измени на сопствените закони, власта покажува дека не знае што прави, туку на штета на граѓаните, си игра држава“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?