СДСМ: Груевски нема да направи Либија од Македонија!

Од:

„Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ можат само себе си да се тешат со платениците во нивната пропаганда.

Граѓаните знаат дека Македонија е на чекор до промените од режим во демократија, дека има стабилно парламентарно мнозинство од 67 пратеници, изгласано од околу 700.000 граѓани и дека во многу брзо време ќе бидат избрани новиот собраниски претседател и новата Влада.

Нема да успеат провокациите и сценаријата на Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ за насилства со коишто мислат дека можат да се спасат од соочување со правдата. Граѓаните нема да му дозволат на Груевски да прави Либија од Македонија.

Тоа што медиумската пропаганда стана недоволна за Груевски и тој мора да бара фрустрирани поединци да лажат, е одраз на очај на ракодството на ВМРО-ДПМНЕ и говори за распад на системот што го одржуваше Никола Груевски“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он