СДСМ: Груевски нека спори со меѓународниот фактор за поимите диктатура и режим

Од:

„Ги упатуваме Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, ако сакаат да спорат дали Македонија е диктатура, односно режим, тоа да не го прават со СДСМ туку со меѓународниот фактор, којшто почна директно така да се изразува за земјава.

Релевантната меѓународна организација Фридом Хаус вчера за прв пат за Македонија го употреби терминот хибриден режим.

Што се однесува до имотот на раководствата – еве фер предлог. Ги повикуваме Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да прифатат ТВ дуел посветен само на таа тема.

На тоа соочување ќе можат граѓаните да видат кој, како и што поседува. Ќе видат дека најголемите богаташи во државата се од власта, а ќе побараат и да чујат од каде им е тоа богатство ако цел живот работеле само како државни службеници.

Очекуваме и медиумите кои толку сакаат да пишуваат на таа тема дека истото ќе го побараат од премиерот. Само луѓето кои нешто кријат, би бегале од оваа шанса“, се вели во писмената реакција на текст во Курир, објавен и на Прес 24 и други провладини медиуми.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка