СДСМ: Груевски не може да го залажува охрабрениот народ кој се бори за слобода

Од:

„Граѓаните се згрозени од она што го прави аболицираниот Никола Груевски.

Додека цела Македонија е на нозе, во одбрана на правдата, за враќање на слободата и демократијата Груевски е во кампања за непостоечки избори коишто нема да се случат на 5-ти јуни.

Нема избори без прочистен избирачки список, без реформи во медиумите, без одвојување на партијата од државата.

Новите лажни, виртуелни проекти на Никола Груевски не можат да го залажат охрабрениот народ кој се бори за слобода и демократија на улиците ширум Македонија.

За џабе Никола Груевски се прави дека тој не ја предизвикал политичка и државна криза.

Граѓаните знаат, лично Никола Груевски и неговата криминална банда ја втурнаа Македонија во криза со криминалните избори, огромниот грабеж и ја продлабочија со нарачаната аболиција.

Нека не се надева Никола Груевски дека ќе се спаси од одговорноста со нарачаната аболиција кај Ѓорге Иванов.

Секој што го прекршил законот ќе одговара.

Граѓаните знаат.

Или Груевски или Македонија“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски