СДСМ: Груевски не е Македонија и нема да му дозволиме да ја украде иднината на државата

Од:

„Преку интервју за грчкиот весник „То Вима“, Никола Груевски неуспешно се обиде да ја покрие паниката од соочувањето со граѓаните на слободни, фер и демократски избори.

Зад „благите термини“ на Груевски се крие стравот од соочување со одговорноста за тоа што им украде на граѓаните 10 години од нивниот живот.

Да, Македонија не е иста како пред 10 години, состојбите се многу, многу полоши во секој поглед, економиски, социјален, политички, демократски, правен…

Економијата е на колена, граѓаните во Македонија се посиромашни, живеат со по 40 денари на ден.

Македонија не е иста како пред 10 години. Се потрошија 630 милиони евра за споменици додека 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија.

Никола Груевски и фамилијата се богатеа на грбот на граѓаните, криминалот и корупцијата се сериозен проблем.

Македонија не е иста како пред 10 години. Граѓаните се задолжени со рекордно највисок јавен долг од над 4,2 милијарди евра. Груевски и Ставрески ја доведоа државата во ситуација да мора да се задолжува за да се исплатата плати и пензии.

Не е исто како пред 10 години, 626.312 луѓе се иселија од државата, пред се млади, образовани граѓани, поради невработеност.

Граѓаните се гушат во нечист воздух што е најголема причина за 1.350 смртни случаи годишно. Земјава е на прво место во Европа според смртност на новороденчињата, дури 14 на 1.000 живородени.

Македонија не е иста како пред 10 години. Нема слобода, нема демократија, нема правда. Според Фридом хаус Македонија го загуби статусот на изборна демократија.

Оној којшто ја блокираше европската иднина на Македонија со својот диктаторски однос, кој 10 години мислеше на свое лично богатење и богатењето на фамилијата, не може да зборува за иднина.

Заврши времето на Никола Груевски.

Никола Груевски не е Македонија и нема да му дозволиме да ја украде иднината на државата!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

СДСМ: Мора да има одговорност за починатото бебе на Детската клиника

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Лажно и манипулативно е тврдењето на СДСМ дека за време на моето раководење со МВР е расчистен само еден случај

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски