СДСМ: Груевски може да се подготви само да замине, бидејки доаѓа нова Влада

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на интервјуто на Никола Груевски во дневникот на Канал 5.

„Никола Груевски мора да ја прифати реалноста. Тој може да се подготви единствено за опозиција и за соочување со правдата.

Ефектите од документите на Груевски ги почувствуваа граѓаните. Но заврши тоа време за лични криминали и криминали на неговите соработници.

Сега пред целата домашна и меѓународна јавност е конкретен документ зад којшто стојат околу 700.000 граѓани на Македонија.

Тоа е Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија, којашто гарантира квалитетен живот за сите граѓани независно од каква било различност, правда за сите, заедништво и реформи за евроатланските интеграции. Таа Програма го разобличува Груевски и тоа го потресува, бидејки му ги одзема сите лажни вести.

Никола Груевски мора веднаш да се повлече од насилната реторика, да шири немир и поделби кај граѓаните за непостоечки теми и да ги малтретира луѓето да ги бранат неговите криминали.

Тоа што тој го прави е неговата паника и хистерија пред соочувањето со одговорноста.

Македонија мора да оди напред. Ќе има продолжение на конститутивната седница на Собранието, нов претседател на Собранието, мандат за составување Влада и нова реформска Влада. Така избраа граѓаните и тоа Груевски повеќе не може да го спречи“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски