СДСМ: Груевски мора да прифати дека е соочен со правдата!

Од:

Правдата е дел од започнатите демократски процеси во Македонија.

Никола Груевски ќе мора да се помири дека е соочен со правдата. Фатен е во монтирање политички судски процеси. Фатен е во лаги на граѓаните за жолти комбиња, клонирани станици и наводни странски служби. Фатен е во скандалот со нелегалното прислушување, заедно со неговиот братучед Сашо Мијалков. За сите злодела врз граѓаните ќе има одговорност.

Судството ќе биде независно. Мандатот на СЈО ќе биде продолжен. Ќе се реализираат сите реформи препорачани во извештаите на Прибе и Европската комисија.

Заврши времето за политичари како Груевски.

Ќе има и правда, и живот и промени. Така одлучија мнозинството граѓани на изборите на 11 декеври, пишува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски