Георгиев: Груевски лаже дека немаме програми, прочитајте ги!

Од:

Опозициската СДСМ  ги отфрла тврдењата од владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека здружената опозиција  нема проекти, предлози и визија за македонските општини и оти изборната програма за локалните избори и е пишувана набрзина, зад затворени врати.

– Но, за едно се во право. Програмите кои ги нудиме во сите општини каде што имаме свои кандидати не се пишувани по канцеларии, туку се само преточување на барањата на граѓаните со кои се сретнавме во секое село, маало и град во изминативе девет месеци, рече денеска на прес-конференција потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев.

Сојузот за иднината, укажа, пишувањето на изборната програма за овие локални избори ја започна уште преку кампањата „Работно лето“, кога беа промовирани и најголемиот број кандидати за градоначалници на опозицијата.

Првиот столб на програмите на опозицијата, наведе Георгиев, е локалниот економски развој, преку инфраструктурно уредување на индустриски зони и мерки за полесно отворање бизниси. Вториот столб е инфраструктурата и енергетиката, со гасификацијата како централен проект, а третиот столб понуда на конкретни проекти кои на граѓаните ќе им обезбедат услови за квалитетен живот во нивните локални средини, информира Георгиев.

Тој нагласи дека на претстојните избори, секој глас има двојна вредност затоа што граѓаните ќе имале можност да гласаат за подобра локална власт преку квалитетни кандидати и програми, но и да покажат отпор против актуелната власт.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226