СДСМ: Груевски ќе сноси одговорност за милионските штети и провизии за автопатот Кичево – Охрид

Од:

„Автопатот Кичево-Охрид е доказ за неспособното, криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски кој очигледно не може да се помири со тоа што веќе не може да договара провизии за себе и своите соработници.

Промашените траси, пропустите во градбата, провизиите за Груевски, го оштетија буџетот на државата за дополнителни стотици милиони евра пари на граѓаните што ќе се потрошат за санација на штетите предизвикани од неспособноста и коруптивноста на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата предводена од СДСМ ги санира штетите на автопатот Кичево-Охрид и останатите автопатишта, вложува во инфраструктурата и во интерес на граѓаните, одговорно и посветено продолжува со изградбата на започнатите патни правци“, се вели во реакцијата на СДСМ на обраќањето на Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?