СДСМ: Груевски ќе мора да им ги врати украдените пари на граѓаните

Од:

„Никола Груевски полека сфаќа дека неговото останување уште некој месец во Владата ништо нема да смени зашто „Царот е гол“ и тоа е јасно за целата јавност.

Груевски има потеба да се занимава со лаги за седницата на Централниот одбор на СДСМ за да не им објасни на своите од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ зошто ги превесла кога само пред 10 дена ги натера да соопштат дека тој нема да даде оставка, ниту министерства, а со договорот во Пржино, сето тоа стана реалност.

Потсетуваме дека СДСМ, во официјално соопштение информираше дека Централниот одбор на СДСМ едногласно го поздрави постигнатиот договор за надминување на политичката криза во Република Македонија.

Што се однесува до економијата, Никола Груевски пред една деценија на граѓаните им вети „економски бум“, а денес Република Македонија е во најголемата беда и сиромаштија од независноста на државата.

Со право Груевски е исплашен од економската програма на СДСМ и тимот експерти кои и се познати на јавноста и работат на нејзино допoлнување.

СДСМ им вети на граѓаните дека ќе ја врати Средната класа во Македонија, а Никола Груевски и неговите соработници ќе мора да им ги вратат украдените пари на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?