СДСМ: Груевски ја направи Македонија шампион во мизерија

Од:

СДСМ со сопштение реагираше на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ на која Сашо Стефановски посочи дека на Црвенковски народот не му верува.

„Секоја нова прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ сведочи за безидејноста и конфузијата во владејачката партија.

Не ни очекувавме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поздрави митинзите на СДСМ затоа што покажуваат дека граѓаните масовно протестираат против нивните погрешни политики.

Никола Груевски и неговите гласноговорници продолжуваат со нивните лажни, срамни и веќе досадни конструкции.

Никола Груевски е политичарот со најголем стаж во владите на РМ. Четири години како министер и шест години како премиер. Единствено што успеа е да ја направи Македонија шампион во мизерија и сиромаштија, рекордер во невработеност, земја без инвестиции, изолирана и без никаков напредок во евроатланстските интеграции“, пишува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?