СДСМ: Груевски ја изолира Македонија, ни Ј од Јужен тек, ни ТАП

Од:

„Милионските „мајмунски и желкини“ политики на власта на Никола Груевски ја оставија Македонија изолирана во регионот.

Освен Македонија, сите земји од соседството и од регионот: Бугарија, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина денеска слават официјално приклучување на Трансјадранскиот гасовод.

Груевски ги излажа граѓаните за Јужен тек за којшто се обврзуваше во изборни програми. Ни Ј од Јужен тек нема.

Денешниот ден покажува дека Груевски ги излажа граѓаните и за ТАП, кога по инсистирање на јавноста пред две години во емисијата Јади бурек рече дека Македонија ќе биде дел од Трансјадранскиот гасовод.

СДСМ и експертската јавност со години во континуитет укажуваа дека Македонија мора што поскоро да фати приклучок кон проектот на ЕУ, азербејџанскиот гасовод ТАП, наместо да се фокусира само на Јужен тек, чијашто реализација се проблематизира.

Одговорноста за ситуацијата денес е на неодговорната, криминална власт на Груевски, на која и се приотитет личните интереси, а не интересите на граѓаните.

СДСМ веќе им обезбеди на граѓаните на Струмица и Куманово гас, како евтин и еколошки енергенс.

Новата одговорна Влада што ќе ја предводи СДСМ ќе обезбеди гасификација на целата држава“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ нема свои кандидати за градоначалници во општините Кичево и Струга

СДСМ: Владата на Мицкоски е најодговорна за еколошката катастрофа што се случува со пожарите

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?