СДСМ: Груевски изгуби контакт со реалноста

Од:

„Никола Груевски е збунет. Затоа одеднаш не го познава Кежаровски, иако токму инструментализираното судство од неговата власт речиси две години му го загорчува животот на новиранот, изрекувајки му казна затвор за пишан збор, преседан во европската пракса.

Затоа на Груевски одеднаш му се чинат нереални барањата на наставниците за повисоки плати и укинување на казните за екстерното тестирање, за што токму неговата власт пред некој месец им ветуваше решенија.

Затоа Груевски ќе разговарал со опозицијата за, според него, разумни теми, а меѓу нив не ја гледа темата за техничка влада, иако изборите со кои се храбри беа нерегуларни, а дури и американскиот амбасадор Волерс покажа разбирање за барањето на СДСМ, децидно соопштувајки дека “не е необично“ решение во светската пракса, ниту „екстремно“.

Груевски изгуби контакт со реалноста. Затоа не може да разграничи што е разумно и што не е.

Пример за тоа е изненадувачката леснотија со којашто Груевски во „Јади бурек“ си дозволи да ги учи ракометарите по кои принципи на игра, тие ќе дошле до подобар резултат“. се вели во реакцијата на СДСМ на ставовите на Никола Груевски во емисијата „Јади Бурек“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски