СДСМ: Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе одговараат за изборните измами и криминалот, им нема спас

Од:

„Во избирачкиот список има точно 330.588 сомнителни гласачи. Оваа сериозна бројка на сомнителни гласачи го потврдува се она што СДСМ го говореше, дека на власт е нелегитимна, криминална банда.

Изборниот криминал на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е целосно потврден.

Срамната одлука на Уставниот суд е дополнително признание за изборниот грабеж и потврда дека Никола Груевски се плаши од соочување со одговорноста за криминалот.

Но нема спас за Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе одговараат за изборните измами и криминалот што го правеле овие 10 години.

Ниту партиските послушници во Уставниот суд нема да го спасат Никола Груевски од одговорност.

Јавноста веќе е запознаена за партиската поврзаност на Елена Гошева, Јован Јосифовски и Никола Ивановски со ВМРО-ДПМНЕ.

За братот на судијата Ивановски е поднесена кривична пријава пред три години, а се уште не се знае ништо за неа.

Ќерката на претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, Слободанка е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком, каде што главен извршен директор е кумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски.

Слободанка Гиевска односно Гошева била потпретседателка на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, УМС.

Сопругот на Слободанка е Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО- ДПМНЕ, сега член на Управниот одбор на ЕВН, именуван од владата.

Нејзиниот татко, односно сопругот на Елена Гошевска, Ѓорѓи Гошев, бил поранешен директор на Студентскиот центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ.

Другата ќерка на Елена Гошева, Бојана Гошева, работи во Агенција за електронски комуникации.

Јован Јосифовски и неговото семејство се исто така тесно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2006-та до 2011 година Јосифовски бил претседател а и член на Државната изборна комисија предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Како член на ДИК, Јосифовски учествувал во избори што се предмет на кривично-правна истрага за изборни нерегуларности.

За Уставен судија, Јосифовски е предложен од Илија Димовски, односно од ВМРО-ДПМНЕ и во отсуство на пратениците од опозицијата е избран во 2012 година.

Дополнително, синот на судијата Јован Јосифовски, Борис, е генерален секретар во Кабинетот на Ѓорѓе Иванов, од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа срамна одлука на Уставниот суд не може и нема да го заштити Никола Груевски и неговите соработници од одговорноста за изборниот криминал“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници