СДСМ: Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да прифатат дека се опозиција

Од:

СДСМ денеска повторно ги повика Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, како што велат, да ја прифатат реалноста дека се опозиција и да овозможат мирен трансфер на власта.

– Вознемирувањата на деца, ученици, на граѓани со лаги за да излегуваат на протести, поттикнувањата поделби, насилства, омраза меѓу граѓаните, има за цел само заштита на криминално стекнатото богатство и обид за бегство од одговорност на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Целата домашна и меѓународна јавност знае и гледа дека постои само еден документ – Програма на новата реформска Влада, којашто гарантира унитарна и суверена Република Македонија и обезбедува конкретни мерки за сите клучни потреби на граѓаните, стои во реакцијата на СДСМ на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Според СДСМ, институциите на системот мора веднаш да се формираат и државата да профункционира според мнозинска волја и потребите на граѓаните.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски