СДСМ: Груевски и Ставревски ги излажаа струмичките земјоделците

Од:

„Груевски и Ставревски им ветија на земјоделските производители дека до законскиот рок ќе бидат исплатени сите субвенции. Ветија и повторно ги излажаа струмичките земјоделци“, обвини СДСМ од Струмица.

„Зошто не го исполнивте ветувањето и не се исплатени дополнителните 2 денари субвенција за килограм продадени домати и краставици, кои се продадени во текот на месец јуни минатата година? Зошто не го исполнивте ветувањето и не се исплатени 2 милиони евра за субвенционирање на производителите на домати и пиперки, на отворено и во пластеници? Ги излажавте регистрираните земјоделци дека ќе добијат по 16 000 денари за произведените домати, а евидентираните земјоделци по 12 000 денари. Исто така ги излажавте регистрираните земјоделци дека ќе добијат по 7500 денари за произведените пиперки, а евидентираните земјоделци по 5000 денари. На вашите лажни ветувања им нема крај. Со вашето лажење само ги потценувате земјоделците од Струмичкиот крај. Не им помагате за ублажување на загубите кои ги претрпеа производителите на градинарски култури. Земјоделците ве прочитаа. Не ви веруваат повеќе“, рече Каролина Заева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби