СДСМ: Груевски и медиумските курири се плашат од вистината

Од:

„Нервозата кај Никола Груевски и неговите медиумски курири покажува дека најголем страв имаат од вистината.

Професионалните и етичките новинарски стандарди подразбираат непристристрасно, објективно, транспарентно и навремено информирање на граѓаните.

Груевски се плаши од вистината. Затоа Груевски нервозно ровари против процесoт за професионални медиуми, заедно со медиумските послушници навикнати на корупција со пари од граѓаните.

Груевски сака да постојат само „Курир“ и куририте што ги читаат на телевизија виртуелните вести објавени од ова гласило.

Се што е поврзано со вистината медиумските курири имаат задача да го блокираат.

Затоа воопшто не се пренесуваат ставови на граѓани, здруженија, политички партии и експерти коишто се критични за Никола Груевски и неговите погрешни политики.

Дури ниту демантите за лагите објавени од страна на медиумските курири не се објавуваат.

Затоа се уште нема одговор што навистина е Курир, интернет портал, информативна агенција, агенција-партија, иако минаа недели?

Курир се уште крие од јавноста кој навистина работи за овој портал / информативна агенција / агенција – партија и не го објавува својот импресум.

Ваквото однесување на медиумските курири е една од причините што Македонија е најлошо рангирана по слобода на медиумите од сите земји во Европа и регионот на Западен Балкан.

Затоа и Европската Комисија бара регулација на медиумите, обезбедување и гарантирање на слободата на говор.

СДСМ ќе ги врати слободата во општеството и слободата во медиумите.

Новинарите професионално и слободно ќе можат да работат, каква штo е нивната должност пред јавноста“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел