СДСМ: Груевски го уништи образовниот процес

Од:

„Никола Груевски за 10 години сруши се што со години беше макотрпно градено во образованието. 

Наместо да го унапредува суштинскиот дел од образованието а тоа се наставата, студиските програми и учебниците, Никола Груевски потоши 630 милиони евра за споменици и виртуелни проекти кои немаат врска со квалитетот на образовниот процес. 

Владата на Никола Груевски ги навредуваше наставниците, ги понижи професорите на универзитетот, ги омаловажи студентите и средношколците.

Уништувањето на високото образование започна со одземањето на автономијата на универзитетот, со катастрофалните дисперзирани студии и со политички упади во високо образованиот систем.  

За наставниците и професорите Никола Груевски воведе нови повисоки казни, праќаше инспекции да вршат политички притисоци врз вработените. Наместо дијалог, постоеја само закани да не се штрајкува а се воведоа и заменски наставници.

Наставнците беа под тортура за бркање од работа поради екстерното тестирање коешто предизвика огромен стрес кај учениците. 

Трансформациите на работниот однос се само провидна предизборна манипулација на Никола Груевски. Лажно Груевски сака да се фали дека вработува а пари во буџетот нема. 

Груевски мисли дека со виртуелни ветувања од ракав може да спаси нешто од катастрофалните последици во образованието што ги предизвикаа неговите лоши реформи.

Граѓаните, професорите, студентите имаат идеја: збогум Никола!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски