СДСМ: Груевски го руши државниот поредок, и граѓаните знаат, и Брисел кажа

Од:

„Уредникот Никола Груевски зборува за поделби на Македонија зашто самиот е поделен помеѓу неговите лаги и суровата реалноста.

И Брисел денеска кажа, поради високи претставници и членови на Владата, не функционираат судството, медиумите, институциите.

Уништен е здравствениот систем, пациенти и лекари се жтрви.
Уништен е образовниот систем, ученици, наставници и родители се жртви.
Уништен е системот на социјална заштита, приматели на социјална помош, пензионери, лица со посебни потреби се жртви.

Над 180.000 луѓе живеат со по 40 денари на ден.
Над 10.000 фирми се затворени.
Секоја трета е со блокирана сметка.

Поделби во Македонија има, но на мнозинство сиромашни граѓани и на мала група на власт.
Федерализација има само во главата на Груевски кој живее во минатото.
Нема повеќе надеж за Груевски затоа што тој е минато.

Иднината на Македонија се европски вредности“, се вели од соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски