СДСМ: Груевски го чека отчет за провизијата од 25 милиони евра

Од:

„Во лажниот отчет Владо Мисајловски заборави да ги спомене вистинските инвестиции на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, поврзани со провизии наместо автопатиштата.

25-те милиони евра провизија што Никола Груевски и Миле Јанакиески ја договараат со кинеска компанија, се најголемата “инвестиција” на бандата на Груевски на нивните лични сметки.

Кога зборува за виртуелни инвестиции во патната инфраструктура на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски заборави да ги спомене и 8-те милијарди евра инвестиции, најголемата инвестициска лага на Груевски.

Вистината е дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не изградија ни по еден километар автопат годишно.

Само 7 километри автопат за 10 години е резултатот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

За 10 години Никога Груевски не изгради ниту еден километар нова железничка пруга, а потроши милиони евра пари на граѓаните за споменици. Цените на патничките билети се покажени за 50%, а превозот на патници е намален за повеќе од 40%.

Пругата кон Бугарија и после 10 години ја нема, ниту кон Груција, ниту кон Албанија.

Во 2005 година имаше 39 локомотиви и патнички гарнитури, а денеска едвај 20 се исправни.

Криминал, корупција, лично богатење – тоа се инвестициите на Груевски.

Според меѓународни извори, бандата на Груевски испумпала над 5 милијарди евра надвор од Македонија, додека дел од граѓаните едвај преживуваат со по 40 денари на ден.

Вистинскиот отчет на Никола Груевски пред граѓаните доаѓа по демократските промени.

Новите, современи автопатишта ќе ги изгради СДСМ откако на следните фер и демократски избори ќе ја преземе одговорноста да ја води државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски