СДСМ: Груевски е во бунило, не може да ги прифати промените што ќе се случат

Од:

„На Никола Груевски му недостига здрав разум. Тој не може да се помири дека повеќе од една година не е премиер и дека што и да направи не може да се наметне како фактор, затоа што неговото време во политиката заврши!

Затоа Груевски посетува студентски домови, проверува машини за перење, отвора сали, користи службен премиерски телефон, прави увиди со министерска придружба…

Груевски е во бунило бидејки не може да ги прифати промените што ќе се случат и правдата со којашто треба да се соочи за направените криминали и злодела на 10-годишната власт.

Граѓаните знаат дека тој мислеше само на себе и фамилијата и што и да рече и направи сега е доцна.

Но недозволиво е раководните лица во институциите на системот да дозволуваат партиски злоупотреби на државата, што е противзаконски.

Груевски за своите интереси е подготвен да ги ризикува и граѓанските и државните интереси, но тоа завршува, бидејки за брзо ќе биде формирана новата реформска Влада на граѓаните“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски