СДСM: Груевски е уплашен од сенката на сопствените изборни грабежи

Од:

„Целата јавност се увери како Никола Груевски и неколкумина негови блиски соработници местат и крадат избори.

Преку криминали со издавања фалсификат лични документи, преку казни во илјадници евра на фирми, такси компании, преку притисоци врз земјоделците, администрацијата, наставниците, врз најранливата категорија граѓани – социјално загрозените….

Јавноста беше сведок како лично Никола Груевски нарачува правење „што поише невачки ливчиња„ и проценива дека со „овие преспанциве“ ќе завршеле работа“, се вели во реакцијата на СДСМ, на изјавата на Никола Груевски.

„Како Гордана Јанкулоска признава дека за избори им биле потребни по 50 луѓе од Пустец сместени во станови од по 40 квадрати.

Како ќе ги изнесувале Ромите „за уши“ да гласаат.

Како Миле Јанакиески прави упад во Прилеп и нарачува казни за фирмите, такси компаниите, и шерифски бара одземање на лиценци на такси комапнии, блокирање на телефонски броеви, притисоци кон вработени.

Како за време на избори МВР е претворено во Месен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Како се договара понуштување на гласови.

Како Протуѓер се заканува дека цело семејство ќе заврши „во ендек“.

Затоа денеска Груевски сака да зборува за фатаморгана.

Креатротот на сите овие изборни манипулации, местенки и злоупотреби, Никола Груевски, е уплашен од сенката на сопствените изборни грабежи“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра