СДСМ: Груевски е симбол за корупција  

Од:

„Вистината за Македонија одекна и во Брисел. Во Извештајот на Европската комисија е нотирано дека во изминатиот период високи владини функционери од владејачката партија и членови на Владата ја злоупотребиле својата моќ во сите сфери, судството, медиумите, изборниот процес, регулаторните тела…

Со еден збор заклучокот е дека има корупцијата во врвот на власта а поради политизација државните институции воопшто не реагирале.

Европската комисија го нотираше она што граѓаните на Република Македонија многу добро го знаат.

Никола Груевски и неговите соработници се симболот за корупција во Македонија и погрешниот систем на вредности којшто им одзема на граѓаните 10 години живот.

По победата, СДСМ, заедно со граѓаните ќе обезбеди и ќе гарантира целосна независност на судскиот систем, како и зајакнување на институциите надлежни за борба против корупцијата.

По изборите на 24-ти април доаѓа пролетно чистење на корупцијата во Република Македонија.

Заедно со граѓаните ќе ја вратиме вербата во правдата и почитувањето на законите. Владата на СДСМ ќе работи одговорно, транспарентно, во интерес на граѓаните и европската перспектива на Македонија.

Граѓаните знаат. На 24-ти април, победува европска Македонија“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?