СДСМ: Груевски е нервозен поради извештајот на ОБСЕ

Од:

„Никола Груевски, со споредбите за пред 10 години, се обидува да обезбеди алиби за последниот најдиректен критички Извештај на ОБСЕ/ОДИХР за претседателските и парламентарните избори во земјава.

Поради тој Извештај на ОБСЕ/ОДИХР, прифатен од ЕУ и САД, честитките до Ѓорге Иванов се претворија во јасни пораки на меѓунардната заедница до власта, за неопходност од правна држава во Македонија.

Затоа Никола Груевски е нервозен. Затоа што излезе на површина криминалниот и нерегуларен изборен процес спроведен под негова палка.

Груевски наместо да се губи низ минатото, треба сериозно да ја сфати реалноста и да одговори на очекувањата за надминување на кризата што тој ја создаде“, се вели во реакцијата на СДСМ на пишувањата во провладините медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените