СДСМ: Груевски е фатен во скандалозното прислушување и одговорност мора да има

Од:

„Криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ мора да се помири со фактот дека правдата доаѓа по своето и одговорност за сите злодела врз граѓаните и државата ќе има.

Никола Груевски од позиција на поранешен премиер е фатен во безобразно измислување жолти комбиња, тактички опреми, клонирани станици, странски служби, само за да се обиде да се спаси себе си и неговиот братучед Сашо Мијалков за скандалот со нелегалното прислушување.

Затоа на Груевски и соработниците им засмета СЈО, формирано со потпис од Груевски на Договорот од Пржино и со гласови на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот.

Над 612.000 граѓаните избраа промени, правда, поддршка за СЈО, живот и се изјаснија против режим, криминал и политичари како Никола Груевски кои ставија над 500.000 граѓани под прагот на сиромаштија и ја водат Македонија во меѓународна изолација.

Мнозинската волја на граѓаните на Македонија мора да биде преточена во институциите“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он