СДСМ: Груевски е фатен во нови лаги – Хром не доби училиште, а Волково нема канализација

Од:

„На денешен ден, пред една година Никола Груевски на таканаречен Координативен состанок во Владата најави дека ќе се отвори подрачно училиште на О.У Димитар Поп Георгиев – Беровски во скопската населба Хром. Груевски излажа! До денес, такво подрачно училиште не е отворено, а учениците и родителите од Хром мора да патуваат километри до најблиското училиште во населбата Ѓорче Петров.

https://photos.google.com/share/AF1QipPqNyWn-x53zL6ohBLulNn-CsxDyaIpEXoJMAt14kAgpaDX3IoKipGYbbUdXVUwoQ/photo/AF1QipNT2ccOsverdjd1Wjqu7BOXF_2r3BRo8ZP69DFu?key=ZDM4dFItSEQzcFZLQ0w4VE5DQ21zT0dYM1dPdGF3

Од видеото се гледа и дека на истиот ден, лани, 7 септември, Груевски вети и изградба на канализација во селото Волково. И за тоа излажа! Делови од Волково се уште се без канализација.

Да биде безобразието поголемо, осомничениот Груевски придружуван од неговите послушници, пред две недели отиде во Волково и пак ги лажеше граѓаните, дека наводно буџетот за канализацијата пропаднал поради политичката криза?! Значи само тендерите за бизнисите на фамилијата, за барок и гипс картони преку кои им се слеваат милиони евра народни пари се имуни на измислиците од Груевски.

Никола Груевски има обврска да им објасни на жителите на Волково  каде завршија парите од самопридонесот за канализацијата што изнесуваше по 500 евра од семејство!

По промените на 11-ти декември, доаѓа нова Влада што ќе ја предводи СДСМ на којашто приоритет ќе и бидат потребите на граѓаните.

Жителите на Волково и Хром ќе добијат и канализација и подрачно училиште и се останато што им е потребно за нормално функционирање“, соопштуваат од СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот