СДСМ: Груевски е фабрика за криминал во огромни количини

Од:

„Проектот Вистината за Македонија ја покажа вистината за криминалното владеење на Никола Груевски,братучедот Сашо Мијалков, фамилијата и нивното „дил ориентед“ друштво.

Додека граѓаните осиромашуваа Никола Груевски цели 10 години мислеше само на бизнисите на фамилијата, матните зделки на братучедот Мијалков, на тендерите за споменици вредни 630 милиони евра, на мерцедесот од 600 илјади евра, на парцелите на Водно, на милионските провизии…

Тоа не е политика, тоа е криминал!

Груевски е фабрика за криминал во огромни количини!

Затоа најголем кошмар за Никола Груевски е Специјалното јавно обвинителство, Анкетната комисија, истрагите коишто се водат, Договорот од Пржино.

Грабањето, богатењето на фамилијата на сметка на граѓаните доведе до тоа 626.312 граѓани да ја напуштат Македонија поради невработеност и лоши услови за живот.

Никола Груевски, Сашо Мијалков, фамилијата и соработниците знаат колку длабоко се навлезени во криминални и корупциски скандали за коишто ќе мора да одговраат.

Бегање од одговорност нема да има. Секој што го прекршил законот ќе одговара. Груевски тоа многу добро го знае и затоа е во паника и страв.

Затоа Никола Груевски побегна од граѓаните и зад затворени врати побара да сведочи во Анкетната комисија.

Граѓаните одамна не го трпат Груевски туку ја очекуваат неговата оставка и бараат одговорност.

Македонија тргна по незапирлив пат кон промени и промените ќе се случат.

Во оваа држава ќе се врати правото и правната држава“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски