СДСМ: Груевски директно ја понесува одговорноста за политичката криза во земјава

Од:

„Никола Груевски спроведе криминални предвремени парламентарни и претседателски избори и ја понижи волјата на избирачите.

Го упатуваме Никола Груевски на овој линк да се потсети на Конечниот извештај на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР:

http://www.osce.org/mk/odihr/elections/fyrom/121926?download=true

И во Конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР ниту еднаш не се употребени зборовите “фер“ и “демократски“.

Потврдени се барањата на набљудувачката мисија:

Органите на власт во Македонија да осигураат доволно одвојување на државата од партијата и да преземат енергични чекори во борбата против каква било форма на притисок врз избирачите.

Да не се толерира никаков притисок врз јавната администрација.

Ниеден граѓанин да не стравува за социјалната заштита, поради поддршка или неподдршка на која било партија.

Сите наводи на притисок и заплашување целосно да се испитаат.

Сето ова е дел од првата приоритетна препорака во Конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за последните избори во Македонија, што е само потврда на ставовите на СДСМ.

Груевски не ги разбира или не сака да ги разбере пораките од ОБСЕ/ОДИХР, од еврокомесарот Филе, последно и од канцеларката Меркел со кои се бара и независно судство, и слободни медиуми и демократија.

Со тоа Никола Груевски директно ја понесува одговорноста за политичката криза во земјава“, се вели во писмената реакција на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?