СДСМ: Груевски да не се крие зад нарачани текстови по медиумските курири

Од:

„Никола Груевски трет ден одбегнува да одговори за поднесените кривични пријави против дел од неговите најблиски соработници од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да се крие зад нарачани текстови по медиумските курири, платени со пари на граѓаните, лично Груевски треба да им одговори на граѓаните.

Ова е уште една потврда дека корупцијата, криминалот, реалноста, 10 години се крие од граѓаните со помош на медиумскиот мрак. Затоа 20 милиони евра, пари на граѓаните завршиле во провладините медиуми, за само три години.

Додека Груевски бега, медиумските курири продолжуваат секојдневно ги бранат неговите криминални активности преку нарачани текстови и прилози.

На овој начин медиумските курири покажуваат дека нивната клучна улога е да шират лаги и манипулации, се со цел да ги одбранат криминалните активности и корупцијата во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Јавноста дозна за поврзаноста на „Република“ со даночниот рај на фамилијата, Белизе. Како и за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Вистината за Македонија откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Со лагите коишто ги шират медиумските курири им го одземаат на граѓаните основното демократско право за навремена и вистинска информација.

Ова е уште еден доказ зошто е потребна слобода на медиумите, зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор во интерес на граѓаните.

Граѓаните во Република Македонија се обединети против корупцијата и криминалот.

Секој оној којшто ги прекршил уставот и законите треба и мора да понесе одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

СДСМ: Се партизира секоја позиција, па дури и личните асистенти за децата со посебни потреби

СДСМ: Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот Роберт Мартиноски и да ја прошири истрагата