СДСМ: Груевски бега од слободни, фер и регуларни избори

Од:

„Лажниот патриотизам на Никола Груевски, како и секојдневните спинови и манипулации на медиумските курири се параван за прикривање на неговите криминални активности.

Никола Груевски и медиумските курири, платени со пари на граѓаните, водат хајки против борците за демократија, невладините организации и граѓаните што секојдневно протестираат ама затоа молчат за оние од ВМРО-ДПМНЕ коишто биле дел од СОРОС како Илија Димовски, Ѓорге Иванов, Антонио Милошовски, Ратко Димитровски…

Идентично е и со потврдениот лажен патриотизам на Никола Груевски.

Лицемерниот Груевски води лажни кампањи за наводен патриотизам а граѓаните, преку Вистината за Македонија дознаа дека токму Никола Груевски се пазарел за промена на уставното име, Република Македонија.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа медиумските курири се вистински платеници коишто се ставаат во заштита на криминалот на Никола Груевски.

Никола Груевски бега од слободни, фер и демократски избори и се надева дека на тој начин ќе побегне од правдата, од одговорноста.

Едно треба да е јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста.

Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија.

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Денес, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата.

Слободна, демократска Македонија ја враќа правдата.

Нема спас за Груевски и неговото друштво. Секој што го прекршил законот ќе одговара“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение