СДСМ: Груевски бараше 63 пратеници за да не зависел од ДУИ, а сега моли за поддршка

Од:

„Добро е што граѓаните имаат можност да видат на што уште е подготвен Никола Груевски за своите интереси, во стравот од правдата и нивната одлука за промени.

Албанците ги нарекуваше „шиптари“, бараше 63 пратеници за да не зависел од ДУИ, а сега моли за поддршка.

Упати низа навреди и вулгарности кон претставниците на меѓународната заедница во Македонија, а сега, без образ се обидува да се додворува.

Сето тоа го прави само затоа што е соочен со одговорноста од неговото криминално владеење.

Сите, и домашната и меѓународната јавност знаат дека криминалното раковоство на ВМРО-ДПМНЕ 10 години свесно ја одалечуваше Македонија од ЕУ и НАТО, за да може без проблем да краде и да се богати.

Обвинетиот Никола Груевски не може да им понуди ништо ново на граѓаните и на Република Македонија, освен нови криминали, насилство, нови конфликти и изолација.

Човекот кој ги загрози стратешките интереси на Македонија и го уништи животот на граѓаните на Македонија не може да учествува во решавањето на проблемите.

Затоа над 612.000 граѓани на Македонија, од сите етнички заедници, избраа промени.

Демократските процеси се почнати и Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не можат да спречат“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните