А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Греењето стана луксуз

by А1он13/10/2012 - 14:42183
Share0
СДСМ укажува дека започнува грејната сезона, а тоа,  според нив значи  дека граѓаните ќе се соочат со високи сметки и со незаконски Правилник на Топлификација. Владата, велат,  не успеа во пресрет на сезоната да интервенира и да им помогне на граѓаните, корисници на парното, но и на оние кои го откажаа, а сега ќе мора да плаќаат.

„Регулаторната комисија за енергетика изминатиов период донесе одлуки на директна штета на потрошувачите. СДСМ ја дели загриженоста на граѓаните на стартот од грејната сезона. Со оглед на економската криза и растечката сиромаштија на сè поголем број семејства во државата, стравот од ценовниот шок е оправдан и разбирлив. И покрај бројните реакции, членовите на Регулаторна и нејзиниот претседател, инаку кадар на ВМРО ДПМНЕ избран од страна на владејачкото мнозинство, не покажаа слух за проблемите  предизвикани од нивните одлуки кои директно ги загрозуваат граѓаните“, изјави Александар Наумовски.

Следете a1on на Instagram Instagram

СДСМ ја потсетува јавноста дека спорните одлуки на Регулаторна биле  донесени во време на летните одмори, на нетранспарентен начин и со крајно сомнителна методологија. Според анализите на Хелсиншкиот комитет, 11 од 15 прописи се донесени врз основа на погрешни или непрецизни одредби од Законот за енергетика. Токму врз основа на тие сомнителни прописи, велат, беше зголемена цената на топлинската и електричната енергија. Со истите прописи им беше наметната обрска да плаќаат парно и оние кои не го користат, наметнувајќи им забрана за нови исклучувања од мрежата. Дополнително оптоварување за граѓаните беше и тоа што се укина и евтината струја.

Ако авансните сметки за парно во август се зголемија за речиси 25% проценти, споредено со истиот период лани, граѓаните оправдано стравуваат од сметките во најстудените зимски месеци, кои може да бидат само повисоки од сегашните, велат од СДСМ.

„Затоплениот дом веќе станува луксуз за просечното македонско семејство, кое треба да крати од другите потреби за да ги подмири овие трошоци. Затоа, во оваа прилика сакаме да го повториме барањето кое во август годинава го доставивме до премиерот Груевски, за разрешување на членовите на Регулаторната комисија кои работат спротивно на интересот на граѓаните, како и за итно преиспитување на одлуките на Комисијата. Бараме да престане игнорантскиот однос кон нашите барања, особено кога тие се директно поврзани со влошената социјална состојба на граѓаните и да се преземат мерки  со кои ќе се корегираат штетните правилници.Затоа уште еднаш ја повикуваме Владата да интервенира и да им излезе во пресрет на граѓаните.  Ги повикуваме Народниот правобранител и Организацијата на потрошувачи да застанат во одбрана на правата на корисниците на парното и да преземат мерки против самоволието на Топлификација“, рече Наумовски.

Следете a1on на Youtube YouTube
sdsm

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 11:40

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 09:43

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 09:1603/10/2026 - 09:55

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

Катерина Ѓуровски02/10/2026 - 13:31

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

Катерина Ѓуровски02/10/2026 - 11:58

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Катерина Ѓуровски01/10/2026 - 09:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео