СДСМ: Граѓанска Македонија оди напред, капитулира само Груевски со криминалот

Од:

Од СДСМ со писмено соопштение реагираат на пишувањата на дел од провладините медиуми.

„Граѓанска и демократска Македонија оди напред, со зрели политичари кои ќе водат реални и одговорни политики. Тоа е веќе незапирлив демократски процес.

Граѓаните на Македонија на предвремените избори избраа промени, правда и живот. Сакаат да живеат добро, а не во огромна сиромаштија, сакаат да живеат заедно, а не поделени, сакаат интеграција на Македонија, а не изолација.

Над 612.000 граѓани рекоа не на политиките на кражба, омраза и оддалечување на Македонија од демократскиот свет, што ги води Никола Груевски и криминалната власт во заминување.

Затоа, безуспешни се сите обиди на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ да ги користат медиумите што ги направија зависни од нив, за измислици и лажни вести, што граѓаните веќе ги препознаваат.

Со речникот на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, капитулираат само Никола Груевски и криминалот пред одлуката на луѓето независно од која било различност кои одлучија да живеат во едно, современо општество, на еднакви луѓе пред Уставот и законите“ велат од СДСМ преку писмено соопштение.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ